Меморијален музеј на илегалните работилници за изработка на оружје во Скопје за време на НОВ (1941-1944)
Подрумските простории на куќата на ул."Цетинска" бр.2 во Скопје, сопственост на електромеханичарот Серафим Видовски, со помош на Градскиот завод за заштита на спомениците на културата, се зачувани во оригинал и претворени во Меморијален музеј. Меморијалниот музеј на илегалните работилници за изработка на оружје за време на НОВ (1941-1944) е отворен во 1981 година, а во 1917 просторот е реновиран и поставена е изложбата "Хероите на градот на Вардар". Во работилницата се изложени предмети од збирката од НОВ, како рачен и статичен алат што се употребувал во работилницата како и предмети кои биле дел од ентериерот на самата работилница. Куќата на ул."Цетинска" бр.2 за време на Втората светска војна служела како илегална работилница за поправка на оружје за Првиот скопски и други партизански одреди. Во неа се изработувале бомби, мини, клинци за дупчење на гуми на моторни возила, подметнувачи за шини и др. Во работилницата се умножувал и пропаганден матерјал: летоци, соопштенија за потребите на партиската организација.