Идни настани
Во потрага по фотографите Арсовски
29 Октомври 2026
На 29 октомври 2026 година, од 19 часот во Музејот на град
Скопјe ќе се отвори изложбата, насловена “Во потрага по
фотографите Арсовски“. Покрај изложбата, ќе има и промоција на
истоимената монографија „Во потрага по фотографите Арсовски“.
Овој проект, Музејот на град Скопје го работеше по иницијатива и
соработка со Музејот за уметност и занаетчиство Загреб.
Иницијативата започна со 2 стари кутии преполни со стотици
фотографии, изработени од скопските фотографи Арсовски. Тоа
истражување, во форма на изложба и монографија, беше
презентирано пред хрватската публика во октомври 2025, во
Културно-информативниот центар на Република Северна Македонија
во Загреб.
Потрагата по уметничките фотографи продолжува. Секоја нова информација и нова фотографија ја надополнува приказната, а секое ново откритие нè доближува до луѓето кои ги забележале времињата во кои живееле со своите објективи. Една година по Загреб, приказната се враќа во Скопјe, каде што твореле овие фотографи во првата поливина на 20 век. Ве покануваме да ни се придружите во откривањето на заборавеното фотографско наследство, имињата што заслужуваат да бидат запаметени и семејните приказни што, се чини, сè уште не се целосно откриени.

Лица од новата ера: првите земјоделци во Северна Македонија пред 8 000 години“
03 Ноември 2026
Во периодот од 03.11.2026 г. до 04.07.2027 г., Музејот на град
Скопје ќе гостува со археолошката изложба: „Лица од новата ера:
првите земјоделци во Северна Македонија пред 8 000 години“ во
Археолошкиот музеј во Франкфурт (Р. Германија). Отворањето на
изложбата ќе биде во 18.00 часот на 03.11.2027 г., каде ќе биде
и промовирано изданието за претставените локалитети, под
авторство на кустосот на изложбата, Љубо Фиданоски.
Во рамките на изложбата ќе бидат изложени 83 артефакти од неолитската збирка на два локалитети од Скопскиот Регион: Церје – Говрлево и Слатина – Зелениково, како едни од најзначајните локалитети од овој период, не само во државата, туку и пошироко. Низ различни музејски начини и содржини ќе бидат претставени најважните предмети од збирката: антропоморфниот модел на куќа, позната како „Големата мајка од Говрлево“, разновидните керамички фигурини, жртвеници и садови. Исто така, ќе бидат претставени и исклучително интересните камени и коскени алатки од обата локалитета. Покана (PDF)